Прескокни до содржината

За стоматолошки ординации и клиники

Колку договорена, а ненаправена терапија лежи во вашите картони?

BookWisely ги става сите незавршени планови на терапија на една листа, со цена: кој, што, колку и кога последен пат сте го виделе пациентот. Термините, забниот картон, фискалната сметка, залихата и Мој Термин се во истата програма.

Петнаесет минути во живо. Без подготовка.

  • Поврзано со Мој Термин и ФЗО
  • Преминување за еден ден, од која било програма
  • Триесет дена на вашите податоци, пред да одлучите
  • Првиот ден сме кај вас, во ординацијата
  1. 1

    Целиот ден во еден редЗа секој доктор бројот на термини, слободното време и пополнетоста, пред првиот пациент.

  2. 2

    Термин за три секундиЈа внесувате услугата и делот од денот, а календарот ги нуди првите слободни термини кај сите доктори.

  3. 3

    Контрола пред да стане од столотЕден клик на +6 месеци и пациентот заминува со закажан термин.

  4. 4

    Погрешен термин не поминуваАко го повлечете терминот кај доктор што не ја работи таа услуга, календарот веднаш предупредува.

Промет вчера

78.500 ден.

12 наплатени посети

Потсетникот е испратенАна Димитровска · утре во 09:30

Пред крај: Композит A2Останаа 3 · под минимумот

11
стоматолошки ординации ги водат картоните во BookWisely
4
земји: Северна Македонија, Србија, Хрватска и БиХ
28
локации има најголемата здравствена мрежа што работи во BookWisely

Деловната страна на ординацијата

Четири прашања на кои сопственикот денес чека одговор.

Одговорите ги има во секоја ординација, но се расфрлани по тетратки, табели и глави. Овде ве чекаат секое утро, без да морате некого да прашате.

  1. 1

    Колку наплати ординацијата овој месец?

    Промет по доктор и по услуга, до денешниот ден. Без табела и без чекање на крајот на месецот.

  2. 2

    Кој ви должи?

    Секоја понуда, секоја сметка и секоја уплата на една листа, со името на пациентот и датумот.

  3. 3

    Што ќе снема следната недела?

    Секоја услуга го симнува потрошениот материјал од залихата, па нарачката оди пред нешто да снема.

  4. 4

    Кој не се вратил?

    Пациентите на кои им поминал рокот за контролен преглед добиваат порака со покана, а вие гледате кој закажал.

Незавршени планови на терапија

Во вашите картони веќе лежи работа што не е направена.

Секој план на терапија што пациентот не го завршил останува запишан, со цена. Овде ги гледате сите на една листа: кој, што, колку и кога последен пат сте го виделе.

Ова не е нова работа. Ова е работа што веќе сте ја договориле.

Закажете демо

Мој Термин и ФЗО

Мој Термин, во забниот картон.

Пациентот се презема од Мој Термин по ЕМБГ, а неговиот забен статус стои во забната шема, покрај историјата на лекувањето. Рецептот, упатот и боледувањето се праќаат од посетата, без втора програма.

  1. 1

    Забниот статус од Мој Термин

    Се презема за пациентите на Фондот и го гледате во забната шема, заб по заб.

  2. 2

    Рецепт, упат и боледување од картонот

    Упатот до рендген или до специјалист се праќа со слободните термини, а рецептот и боледувањето од истиот екран.

  3. 3

    Целите на ФЗО, додека кварталот трае

    Систематски преглед, отстранување плака и залевање фисури се бројат од посетите, со покана до пациентите што уште не дошле.

  4. 4

    Специјалистот го презема упатот со еден клик

    Ортодонтот или оралниот хирург го презема упатот од Мој Термин, а извештајот се враќа во Мој Термин.

Пациентите на Фондот и приватните, во истиот забен картон.

Што добивате

Докторот внесува еднаш. Шест работи завршени.

Наодот внесен на столот програмата го носи понатаму сама: од понудата за пациентот до прометот што го гледате вие.

  1. Внес

  2. 01 План на терапија

    Пресметан од вашиот ценовник додека пациентот е уште на столот.

  3. 02 Понуда

    Пациентот ја добива пред да стане од столот.

  4. 03 Сметка

    Издадена со еден клик, од она што е направено.

  5. 04 Фискална сметка

    Се печати од истата сметка, во истиот чекор.

  6. 05 Залиха

    Потрошениот материјал е симнат сам. Знаете што има на полица без да броите.

  7. 06 Промет по доктор

    Знаете колку направил секој доктор, без да собирате ништо.

Никој ништо не препишува.Затоа бројките се совпаѓаат.

Закажете демо

На столот

Наодот станува план, планот станува понуда.

Кликнувате на забот, го избирате наодот и терапијата. Планот се пресметува од вашиот ценовник, а пациентот добива понуда пред да стане од столот.

  • Внес како што зборувате: „36 МО композит“
  • Историја на картонот: состојбата на секој заб на кој било ден
  • Приказ за пациентот, да го гледа она што го гледате вие

Пациентот заминува со понуда в рака, а не со ветување.

ПП

Петар ПетровскиРоден 1979 · картон бр. 1042

Историја на картонот 12 март · пломба на забот 46 10 септември · имплант во регија 16 Денес · мост 13–16, коронка на 44, планирани две вадења

Терапија

  • 46 Композитна пломба 2.400
  • 16 Имплант со абатмент 40.000
  • 13–16 Циркон-керамички мост 44.500
  • 44 Циркон-керамичка коронка 12.500
  • 18, 17 Вадење заб 5.300

Вкупно104.700 ден.

Планирано 5.300 ден. · понудата е испратена до пациентот во 09:52

Наплата

Наплатено пред пациентот да стигне до вратата.

Посетата се затвора со еден клик: сметката е издадена, потрошениот материјал е симнат од залихата, а долгот, ако го има, останува запишан кај пациентот.

  • Сметки и фискални сметки од рецепција
  • Потрошен материјал по услуга
  • Долгови и уплати кај секој пациент

Сметка, фискална сметка и залиха во еден чекор.

За пациентот

Извештај со името и логото на вашата ординација.

Забна шема со сите заби, направеното и планираното, и состојбата заб по заб. Извештајот и секоја порака до пациентот го носат името на вашата ординација, не нашето.

  • Забна шема и состојба по заб, од картонот
  • Вашето лого, бои и податоци за ординацијата
  • Печатење или линк заштитен со PIN

Она што пациентот го носи дома зборува за ординацијата и кога вас ве нема.

Извештај за извршено лекување на меморандум на ординацијата: забна шема со сите заби и состојба по заб
Извештај за извршено лекување · A4
Закажете демо

Петнаесет минути во живо. Без подготовка.

Додека вас ве нема

Кога ќе ја заклучите вратата, ординацијата продолжува да работи.

Она што тимот не стигнува да го заврши, овде се завршува само: без списоци на хартија, без вртење телефони и без прекувремени часови.

Работно време 08–20 Ординацијата е затворена

  1. 10:00

    Пораки за контролен преглед

    Пациентите на кои им поминал рокот добиваат порака со покана за контрола. Никој во ординацијата не врти четириесет броја.

  2. 13:30

    Анкета по посетата

    Пациентот добива кратко прашање додека посетата му е свежа. Одговорите ве чекаат во извештајот.

  3. 20:15 Ординацијата е затворена

    Потсетници за утре

    Секој утрешен пациент добива SMS со часот, докторот и вашиот телефон.

  4. 21:14 Ординацијата е затворена

    Пациентот закажува од каучот

    Онлајн закажувањето работи и кога ординацијата е затворена. Терминот е во календарот пред да ја отклучите вратата.

  5. 22:40 Ординацијата е затворена

    Откажаниот термин повторно е зафатен

    Кој ќе откаже навечер, ослободува термин што веднаш е отворен за онлајн закажување.

Оваа работа денес или не ја прави никој, или ја прави некој што треба да биде покрај пациентот.

Пораките одат само до пациентите на вашата ординација, во нејзино име.

И она што ординацијата инаку го води во тетратки и табели.

  • Пародонтален статус

    Пародонталниот наод покрај забниот картон на истиот пациент.

  • Забнотехнички налог

    Налог за забната техника од картонот на пациентот.

  • Тим и смени

    Работно време и смени, а секој го гледа само својот дел.

  • Досиеја на вработените

    Договори, одмори и рокови: лиценци, санитарни прегледи и други документи што истекуваат.

  • Повеќе локации

    Пациентите, ценовникот и прометот на сите ординации во еден извештај.

  • Веб-страница со онлајн закажување

    Веб-страница на ординацијата на која пациентот сам избира термин, во вашите бои.

  • Документи на меморандум

    Согласности, наоди и понуди од шаблони, со податоците на пациентот.

  • Кој што отворил

    Секој пристап до картонот и секоја измена остануваат запишани.

Преминување

Од која било програма, за еден ден.

Податоците ги пренесуваме ние, од програмата што ја користите сега, која било да е, или од табели. Вечерта затворате во старата програма, а утрото работите во BookWisely, со сите пациенти и целата историја.

Сите чекори на преминувањето

  1. 1 · Вечерта

    Последниот пациент во старата програма

    Ги земаме податоците: од базата, од извоз или од Excel табели.

  2. 2 · Ноќта

    Пренос и проверка

    Пациентите, картоните, историјата и идните термини се пренесуваат и се споредуваат со старата програма.

  3. 3 · Утрото

    Првиот пациент во BookWisely

    Сме кај вас во ординацијата, а вие работите на вашите податоци.

Без пауза во работата и без препишување.

Прашања

Она што сопствениците го прашуваат пред да одлучат.

Имаме договор со ФЗО. Дали е поврзано со Мој Термин?

Да. Забниот статус се презема од Мој Термин, рецептот, упатот и боледувањето се праќаат од картонот, а целите на ФЗО (систематски преглед, отстранување плака, залевање фисури) се бројат во текот на кварталот. Специјалистот го презема упатот од Мој Термин со еден клик, а извештајот се враќа во Мој Термин.

Што е со снимките и фотографиите?

Снимките и фотографиите ги додавате кон забот или кон картонот на пациентот. Директно поврзување со рендген апарати нема.

Колку чини?

Цената зависи од бројот на доктори во ординацијата. Точниот износ го добивате писмено по демо разговорот.

Веќе користиме друга програма. Што ќе биде со нашите податоци?

Ги пренесуваме ние: пациентите, контактите и историјата на лекување од вашата сегашна програма или од табели. Преминувањето трае еден ден, од која било програма, без пауза во работата.

Колку трае воведувањето?

Еден ден за поставување на услугите, цените, работното време и документите, заедно со обука за рецепцијата, докторите и сопственикот. Доаѓаме кај вас, а потоа сме ви на располагање за сè што ќе запне.

Дали ни треба нова опрема?

Не. Се отвора во прелистувач на компјутерите, таблетите и телефоните што веќе ги имате. Нема инсталација ниту сервер во ординацијата, но потребен е интернет.

Како работи фискализацијата?

Фискалната сметка се печати од програмата, од истата посета, на фискален печатач (Accent). На демо разговорот проверуваме што веќе користите.

Како пациентот добива потсетник и колку чини тоа?

По SMS, во име на вашата ординација, вечерта пред терминот или наутро истиот ден. SMS се наплатува по порака, а потврдата по е-пошта е вклучена во цената.

Каде се чуваат податоците на пациентите?

На сервери во Европската Унија, со секојдневна резервна копија. Секој го гледа само својот дел, а секој пристап до картонот останува запишан.

Што ако не ни одговара?

На ваше барање бришеме сè што сме пренеле.

Вашата ординација, вашите податоци

Пробајте на вашата ординација, не на нашата.

По демо разговорот ги пренесуваме вашите пациенти и картони во пробна сметка. Триесет дена работите со сопствените податоци, пред да одлучите што било.

  1. 1

    Демо, 15 минути

    Краток разговор во живо. Терминот го избирате сами, веднаш подолу.

  2. 2

    Пробна сметка со вашите податоци

    Ги пренесуваме пациентите, картоните и историјата, со договор за обработка на податоци. Триесет дена работите на вистински пациенти, пред да одлучите што било.

  3. 3

    Одлуката е ваша

    Ако не ви одговара, на ваше барање бришеме сè што сме пренеле.

Закажете демо

Петнаесет минути во живо. Без подготовка.

Демо

Изберете термин. Ќе ви го покажеме BookWisely на ординација слична на вашата.

Петнаесет минути во живо. Без подготовка.

  • Избираме пример ординација слична на вашата
  • На секое прашање добивате директен одговор
  • По разговорот одлучувате сами
  • Сервери во Европската Унија
  • Секојдневна резервна копија
  • Запис за секој пристап до картонот
  • Договор за обработка на податоци

Или пишете ни: info@bookwisely.com
Одговараме во рок од еден работен ден.

Ги вчитуваме слободните термини…

Отворете го закажувањето во нов прозорец

Приказите на страницава се со демо податоци и измислени имиња.

Специјалности

Еден систем. Приспособен на вашата специјалност.

Календарот, пациентите, наплатата и извештаите се исти за сите. Картоните, наодите, документите и пораките се приспособуваат според специјалноста, па стоматологот работи во забната шема, а гинекологот во својот наод.

Истиот систем, приспособен и за

  • Офталмологија

    Наоди со видна острина и притисок за двете очи, историјата на пациентот на едно место.

  • Физикална терапија и рехабилитација

    Серии третмани, распоред на терапевти и сали, напредокот на пациентот низ посетите.

  • Психологија и психотерапија

    Серии сеанси, доверливи белешки и онлајн закажување.

  • Лаборатории

    Упати, резултати и трендови на анализите покрај картонот на пациентот.