Прескокни до содржината

Систем за приватни ординации, поликлиники и здравствени центри

Вашето време е најскапата ставка во ценовникот.

BookWisely се грижи секоја минута да биде закажана, запишана и наплатена: онлајн закажување, SMS потсетник, картон и сметка од истата посета.

Петнаесет минути во живо. Без подготовка.

  • Поврзано со Мој Термин и ФЗО
  • Преминување за еден ден, од која било програма
  • Триесет дена на вашите податоци, пред да одлучите
  • Првиот ден сме кај вас, во ординацијата
  1. 1

    Целиот ден во еден редЗа секој доктор бројот на термини, слободното време и пополнетоста, пред првиот пациент.

  2. 2

    Термин за три секундиЈа внесувате услугата и делот од денот, а календарот ги нуди првите слободни термини кај сите доктори.

  3. 3

    Контрола пред пациентот да излезеЕден клик на +3 месеци и пациентот заминува со закажан термин.

  4. 4

    Погрешен термин не поминуваАко го повлечете терминот кај доктор што не ја работи таа услуга, календарот веднаш предупредува.

Промет вчера

98.800 ден.

21 наплатена посета

Потсетникот е испратенЈована Митревска · утре во 09:30

При крај: Гел за ултразвукОстанати 2 · под минимумот

4
земји: Северна Македонија, Србија, Хрватска и БиХ
28
локации има најголемата здравствена мрежа што работи во BookWisely
11
стоматолошки ординации ги водат картоните во BookWisely

Деловната страна

Четири прашања на кои сопственикот денес чека одговор.

Одговорите постојат во секоја установа, но се расфрлани по тетратки, табели и глави. Овде ве чекаат секое утро, без да морате некого да прашате.

  1. 1

    Колку наплативме овој месец?

    Промет по вработен, по услуга и по локација, до денешниот ден. Без табела и без чекање на крајот на месецот.

  2. 2

    Кој ни должи?

    Секоја фактура и секоја уплата на една листа, со името на пациентот и датумот.

  3. 3

    Што ќе ни снема следната недела?

    Секоја услуга го симнува потрошениот материјал од залихата, па нарачката оди пред нешто да снема.

  4. 4

    Кој не се врати?

    Гледате на кого му поминал рокот за следен преглед или третман и кој закажал по пораката.

За установи со договор со Фондот

Мој Термин и Фондот, од истиот картон.

Докторот ја пишува посетата еднаш. Програмата ја праќа во Мој Термин, пробува повторно сама кога системот не одговара и ја подготвува фактурата за Фондот од реализираните услуги. Без втора програма и без препишување.

  1. 1

    Помалку пишување за избраниот лекар

    Рецептот, упатот и боледувањето се пополнуваат од прегледот, а хроничната терапија се издава за месецот со еден клик.

  2. 2

    Мој Термин е бавен? Вие не чекате

    Посетата и документите се зачувуваат со едно копче и се праќаат сами, со нов обид кога Мој Термин не одговара.

  3. 3

    Упатот кај специјалистот, веќе во картонот

    Упатот од Мој Термин доаѓа во картонот со дијагнозата и бројот, а извештајот се враќа во Мој Термин.

  4. 4

    Фактурата за ФЗО е подготвена

    Пресметката и XML фактурата за Фондот се прават од реализираните услуги. Приватните пациенти се наплатуваат одделно, во истата програма.

Пациентите на Фондот и приватните пациенти, во една програма.

Преглед кај матичен лекар во BookWisely: чести дијагнози на копче, наод од дијагнозите, повтори последна посета и чести услуги

Наод од дијагнозитебез пишување

Упатот ја знае дијагнозатаод прегледот, без препишување

Чести дијагнозивашите, од последните 90 дена

Специјалности

Еден систем. Приспособен на вашата специјалност.

Календарот, пациентите, наплатата и извештаите се исти за сите. Картоните, наодите, документите и пораките се приспособуваат според специјалноста, па стоматологот работи во забната шема, а гинекологот во својот наод.

Истиот систем, приспособен и за

  • Офталмологија

    Наоди со видна острина и притисок за двете очи, историјата на пациентот на едно место.

  • Физикална терапија и рехабилитација

    Серии третмани, распоред на терапевти и сали, напредокот на пациентот низ посетите.

  • Психологија и психотерапија

    Серии сеанси, доверливи белешки и онлајн закажување.

  • Лаборатории

    Упати, резултати и трендови на анализите покрај картонот на пациентот.

Што добивате

Еден закажан термин. Шест работи завршени.

Пациентот го закажува терминот еднаш. Сè друго програмата го прави од него: од потсетникот за пациентот до прометот што го гледате вие.

  1. Внес

  2. 01 Потсетник за пациентот

    SMS во ваше име, вечерта пред или наутро. Рецепцијата не врти телефони.

  3. 02 Доаѓање

    Гледате кој дошол, а кој го пропуштил терминот.

  4. 03 Фактура

    Издадена со еден клик, од услугите на терминот.

  5. 04 Фискална сметка

    Се печати од истата фактура, во истиот чекор.

  6. 05 Залиха

    Потрошениот материјал е симнат сам, по услуга.

  7. 06 Промет по вработен

    Знаете колку направил секој, без да собирате ништо.

Никој ништо не внесува двапати.Затоа бројките се совпаѓаат.

Закажете демо

За пациентот

Пациентот закажува сам. И доаѓа.

Терминот го избира на вашата веб-страница, во кое било време. Ден порано добива SMS потсетник со часот и докторот, а ослободениот термин веднаш повторно се нуди.

  • Онлајн закажување на вашата веб-страница
  • SMS потсетник во ваше име, вечерта пред или наутро
  • Потврда по е-пошта, со настан за календарот

Терминот се закажува и потврдува, а потсетникот оди сам, без рецепцијата да крене слушалка.

Наплата

Наплатено пред пациентот да стигне до вратата.

Посетата се затвора со еден клик: фактурата е издадена, потрошениот материјал симнат од залихата, а долгот, ако го има, останува запишан кај пациентот.

  • Фактури и фискални сметки од рецепцијата
  • Потрошок на материјал по услуга
  • Долгови и уплати кај секој пациент

Фактура, фискална сметка и залиха во еден чекор.

Тим и локации

Секоја локација, секој вработен, еден извештај.

Работно време, смени, одмори и учинок по вработен, за една или дваесет локации. Одобрениот одмор сам го затвора календарот, пациентот е ист каде и да дојде, а сопственикот гледа сè на едно место.

  • Одобрениот одмор ги затвора календарот и онлајн закажувањето
  • Промет и пополнетост по вработен
  • Исти пациенти и ценовник на сите локации

Втора локација не значи друга програма ниту друга табела.

Закажете демо

Петнаесет минути во живо. Без подготовка.

Додека вас ве нема

Кога ќе ја заклучите вратата, установата продолжува да работи.

Она што тимот не стигнува да го заврши, овде се завршува само: без списоци на хартија, без вртење телефони и без прекувремени часови.

Работно време 08–20 Затворено

  1. 08:00

    Рокот истекува за 30 дена

    Лиценца, лекарски преглед или договор на вработен: потсетникот стига навреме, а не по инспекцијата.

  2. 10:00

    Пораки за враќање

    Пациентите на кои им поминал рокот за следен преглед или третман добиваат порака. Никој не врти четириесет броеви.

  3. 13:30

    Анкета по посетата

    Пациентот добива кратко прашање додека посетата му е свежа. Одговорите ве чекаат во извештајот.

  4. 20:15 Затворено

    Потсетници за утре

    Секој утрешен пациент добива SMS со часот, докторот и вашиот телефон.

  5. 21:14 Затворено

    Пациентот закажува од каучот

    Онлајн закажувањето работи и кога сте затворени. Терминот е во календарот пред да ја отклучите вратата.

  6. 22:40 Затворено

    Откажаниот термин повторно е зафатен

    Кој ќе откаже навечер, ослободува термин што веднаш е отворен за онлајн закажување.

Оваа работа денес или не ја прави никој, или ја прави некој што треба да биде покрај пациентот.

Пораките одат само до вашите пациенти, во ваше име.

И она што установата инаку го води во тетратки и табели.

  • Картони на пациенти

    Историја на посети, наоди, фотографии и документи кај секој пациент.

  • Тим и смени

    Работно време и смени, а секој го гледа само својот дел.

  • Досиеја на вработени

    Договори, одмори и документи на кои им истекува рокот.

  • Залиха и набавка

    Состојба по локација, минимум и предупредување пред нешто да снема.

  • Веб-страница со онлајн закажување

    Ваша веб-страница на која пациентот сам го избира терминот, во вашите бои и тема по ваш избор.

  • Документи на меморандум

    Согласности, наоди и понуди од шаблон, до пациентот по е-пошта или SMS со PIN.

  • Анкети по посетата

    Оценка и коментар од пациентот, по вработен и по услуга.

  • Кој што отворил

    Секој пристап до картонот и секоја измена остануваат запишани.

Преминување

Од која било програма, за еден ден.

Податоците ги пренесуваме ние, од програмата што ја користите сега, која било да е, или од табели. Вечерта затворате во старата програма, а утрото работите во BookWisely, со сите пациенти и целата историја.

Сите чекори на преминувањето

  1. 1 · Вечерта

    Последниот пациент во старата програма

    Ги земаме податоците: од базата, од извоз или од Excel табели.

  2. 2 · Ноќта

    Пренос и проверка

    Пациентите, картоните, историјата и идните термини се пренесуваат и се споредуваат со старата програма.

  3. 3 · Утрото

    Првиот пациент во BookWisely

    Сме кај вас во ординацијата, а вие работите на вашите податоци.

Без пауза во работата и без препишување.

Прашања

Она што сопствениците го прашуваат пред да одлучат.

Дали одговара токму за мојата специјалност?

Календарот, пациентите, наплатата и извештаите се исти за сите, а услугите, картоните и документите се приспособуваат според вашата специјалност. На демо разговорот покажуваме пример сличен на вашиот и кажуваме отворено ако нешто не одговара.

Веќе користиме друга програма. Што ќе биде со нашите податоци?

Ги пренесуваме ние: пациентите, контактите и историјата од вашата сегашна програма или табели. Преминувањето трае еден ден, од која било програма, без пауза во работата.

Колку трае воведувањето?

Еден ден за поставување на услугите, цените, работното време и документите. Доаѓаме кај вас и го обучуваме целиот тим. Потоа сме ви на располагање за сè што ќе запне.

Дали ни треба нова опрема?

Не. Се отвора во прелистувач на компјутерите, таблетите и телефоните што веќе ги имате. Нема инсталација ниту сервер кај вас, но потребен е интернет.

Колку чини?

Цената зависи од специјалноста и бројот на доктори. Точниот износ го добивате писмено по демо разговорот.

Како работат фискалната сметка, Мој Термин и ФЗО?

Фискалната сметка се печати од програмата, од истата посета, на фискален печатач (Accent). Прегледот, извештајот и упатот се праќаат во Мој Термин од картонот, без двојно внесување, а упатот од Мој Термин се презема во картонот. Пресметката и фактурата за ФЗО (XML) се прават од реализираните услуги, а приватните пациенти се наплатуваат одделно, во истата програма.

Како пациентот добива потсетник и колку чини тоа?

По SMS, во име на вашата установа, вечерта пред терминот или наутро истиот ден. SMS се наплаќа по порака, а потврдата по е-пошта е вклучена во цената.

Каде се чуваат податоците на пациентите?

На сервери во Европската унија, со секојдневна резервна копија. Секој го гледа само својот дел, а секој пристап до картонот останува запишан.

Што ако не ни одговара?

На ваше барање бришеме сè што сме пренеле.

Вашата установа, вашите податоци

Пробајте на својата установа, не на нашата.

По демо разговорот ги пренесуваме вашите пациенти и историјата во пробна сметка. Триесет дена работите на сопствените податоци, пред да одлучите што било.

  1. 1

    Демо, 15 минути

    Краток разговор во живо. Терминот го избирате сами, веднаш подолу.

  2. 2

    Пробна сметка со вашите податоци

    Ги пренесуваме пациентите и историјата, со договор за обработка на податоците. Триесет дена работите на вистински пациенти, пред да одлучите што било.

  3. 3

    Одлуката е ваша

    Ако не ви одговара, на ваше барање бришеме сè што сме пренеле.

Закажете демо

Петнаесет минути во живо. Без подготовка.

Демо

Изберете термин. Ќе ви го покажеме BookWisely на установа слична на вашата.

Петнаесет минути во живо. Без подготовка.

  • Избираме пример од вашата специјалност
  • На секое прашање добивате директен одговор
  • По разговорот одлучувате сами
  • Сервери во Европската Унија
  • Секојдневна резервна копија
  • Запис за секој пристап до картонот
  • Договор за обработка на податоци

Или пишете ни: info@bookwisely.com
Одговараме во рок од еден работен ден.

Ги вчитуваме слободните термини…

Отворете го закажувањето во нов прозорец

Приказите на страницава се со демо податоци и измислени имиња.