Прескокни до содржината

За поликлиники и специјалистички ординации

Десет доктори, шест соби, два ултразвука. Еден поглед.

Рецепцијата знае кој е следен, докторот го има својот наод, а вие гледате колку носи секоја специјалност. Термини по доктор, соба и апарат, чекалница, извештаи и сметки за пациенти и фирми, во една програма.

Петнаесет минути во живо. Без подготовка.

  • Поврзано со Мој Термин и ФЗО
  • Преминување за еден ден, од која било програма
  • Обука за рецепцијата и докторите, кај вас
  • За една или повеќе локации
  1. 1

    Целиот ден во еден редЗа секој доктор бројот на термини, слободното време и пополнетоста, пред првиот пациент.

  2. 2

    Термин за три секундиЈа внесувате услугата, а календарот ги нуди првите слободни термини кај сите доктори што ја работат.

  3. 3

    Контрола пред пациентот да излезеЕден клик на +3 месеци и пациентот заминува со закажан термин.

  4. 4

    Соба и апарат не се судираатГо повлекувате терминот на апарат што е зафатен и календарот веднаш предупредува.

Промет вчера

218.000 ден.

46 наплатени посети

Потсетникот е испратенМартин Ковачевски · утре во 08:20

При крај: гел за ултразвукОстанати 2 · под минимумот

28
локации има најголемата здравствена мрежа што работи во BookWisely
4
земји: Северна Македонија, Србија, Хрватска и БиХ
1 ден
трае преминувањето од која било програма, без пауза во работата

За сопственикот и управата

Четири прашања на кои денес одговара табела, кога некој ќе ја направи.

Тука одговорите ве чекаат секое утро, од податоците што рецепцијата и докторите веќе ги внесуваат. Без препишување и без чекање крај на месецот.

  1. 1

    Колку носи секоја специјалност?

    Промет по специјалност, по доктор и по локација, до денешниот ден.

  2. 2

    Колку чека пациентот во чекалницата?

    Времето од доаѓањето до влегувањето во ординацијата, по доктор и по ден.

  3. 3

    Колку навистина работел ултразвукот?

    Зафатеноста на секоја соба и апарат, со празнините во распоредот што можеле да бидат термини.

  4. 4

    Која фирма ни должи?

    Фактурите издадени на фирми, со рокот на плаќање и она што сè уште не стигнало.

Фирми и вработени

Фирмата плаќа. Вие точно знаете кој должи.

На каса избирате кој плаќа: пациентот или неговата фирма. Фактурата оди на фирмата со нејзините податоци, името на пациентот го ставате само кога сакате, а долгот останува запишан кај фирмата додека не стигне уплатата. Истата фирма за сите нејзини вработени, на сите локации.

Крајот на месецот веќе не почнува со барање кој кого го испратил.

Закажете демо

Мој Термин и ФЗО

Секој доктор праќа во Мој Термин од својот картон.

Во поликлиника со повеќе специјалности Мој Термин не е работа на еден човек. Секој доктор го пишува наодот еднаш, програмата го праќа, а на крајот на месецот фактурата за ФЗО е подготвена од реализираните услуги.

  1. 1

    Упатот се презема со еден клик

    Упатот од Мој Термин доаѓа во картонот со дијагнозата и бројот. Упатите без термин се заеднички за специјалноста, па ги гледа секој доктор од неа.

  2. 2

    Сестрата работи во Мој Термин со своја најава

    Медицинската сестра или рецепцијата проверува осигурување и презема упати за докторите на поликлиниката, со своја најава. Секое праќање останува запишано, со име.

  3. 3

    Извештајот и контролата одат од картонот

    Прегледот, извештајот, упатот и контролата се праќаат во Мој Термин од истото место каде што се пишуваат. Историјата на пациентот од Мој Термин е на едно копче.

  4. 4

    Пресметката е во самиот упат

    По реализацијата, пресметката за ФЗО се прави во упатот, а сметката за партиципацијата го добива истиот број и се печати веднаш. XML фактурата за Фондот е подготвена од реализираните услуги.

Фондот, приватните пациенти и фирмите, во една програма.

Што добивате

Едно доаѓање на пациент. Шест работи завршени.

Рецепцијата го пријавува пациентот еднаш. Сè друго оди од таа пријава: од редот во чекалницата до прометот што го гледа управата.

  1. Внес

  2. 01 Пријава на рецепција

    Со термин или без, во истиот картон.

  3. 02 Чекалница и повикување

    Рецепцијата гледа кој чека и колку, а екранот го повикува следниот.

  4. 03 Соба и апарат

    Гледате кој е внатре, кој доцни и каде има празнина во распоредот.

  5. 04 Извештај од лекарот

    На меморандумот на локацијата, со потпис, од шаблон по специјалност.

  6. 05 Сметка за пациент или фирма

    Издадена од прегледот, на пациентот или на фирмата што плаќа.

  7. 06 Промет по специјалност

    Управата гледа колку носи секоја специјалност и секој доктор.

Никој ништо не препишува.Затоа бројките се совпаѓаат.

Закажете демо

Чекалница

Рецепцијата знае кој чека и колку. Пациентот знае кога е на ред.

За секој доктор: кој е внатре, кој е повикан, кој е следен и колку чека секој, во зелено, жолто и црвено. Пациентот без термин се пријавува без двоен картон, а екранот во чекалницата покажува кој влегува и каде.

  • Следен пациент со еден клик
  • Приоритет за итно, со можност за поништување
  • Екран во чекалницата со повикување

Никој не излегува во ходникот да праша кој е следен.

Соби и апарати

Ултразвукот заработува цел ден, наместо да чека.

Секоја соба и секој апарат на една табла: кој е внатре, кој доцни и каде има празнина во распоредот. Кога се доцни, следниот пациент со еден клик добива порака пред да тргне од дома.

  • Почеток и крај на прегледот по соба
  • Порака до пациентот кога се доцни
  • Зафатеност на соби и апарати во извештајот

Празнините во распоредот ги гледате додека уште можат да станат термини.

Извештај од лекарот

Извештај на меморандумот на локацијата, потпишан додека пациентот ја облекува јакната.

Шаблони за секоја специјалност, со табели за мерења, дијагноза по МКБ-10 и потпис на докторот. Секоја локација има свој меморандум, а секоја измена ја чува претходната верзија, со име и време.

  • Шаблони по специјалност и по доктор
  • Меморандум и потпис по локација
  • PDF, печатење или во Мој Термин, без двојно внесување

Ист изглед на извештајот во секоја ординација и на секоја локација.

Извештај од лекар специјалист по кардиологија испечатен од програмата: витални параметри, ЕКГ и ехокардиографија во табели, наод и заклучок, на меморандум на поликлиниката

Тим и одмори

Докторот оди на одмор. Календарот веќе знае.

Вработениот бара одмор од телефон, шефот одобрува, а деновите сами се затвораат за закажување, и на веб-страницата. Пациентите што веќе се закажани доаѓаат на листа за презакажување, решението за одмор се прави само, а лиценците, санитарните прегледи и договорите се јавуваат пред да истечат.

  • Одмор во денови или часови, со салдо и денови за стаж
  • Одобрениот одмор го затвора календарот и онлајн закажувањето
  • Потсетник пред истекот на лиценцата и договорот

Никој повеќе не закажува пациент кај доктор што е на одмор во Охрид.

Локации

Секоја локација, секој доктор, еден извештај.

Работно време, смени и учинок по доктор, за една или дваесет локации. Пациентот е ист каде и да дојде, а управата гледа сè на едно место.

  • Смени и работно време по локација
  • Промет и пополнетост по доктор и специјалност
  • Исти пациенти, ценовник и фирми на сите локации

Нова локација не значи нова програма ни нова табела.

За пациентот

Пациентот закажува сам. И доаѓа.

Терминот го избира на вашата веб-страница, во кое било време, кај докторите и услугите што вие ќе ги отворите. Ден порано добива SMS потсетник со часот и докторот.

  • Онлајн закажување на вашата веб-страница
  • SMS потсетник во ваше име, вечерта пред или наутро
  • Потврда по е-пошта, со настан за календарот

Рецепцијата се јавува на телефон поради пациентите, а не поради календарот.

Закажете демо

Петнаесет минути во живо. Без подготовка.

Додека работите, и кога не работите

Поликлиника во која никој не мора да памети напамет.

Работата што денес ја прави рецепцијата со тетратка тука се случува сама или со еден клик, од податоците што тимот веќе ги внесува.

Работно време 08–20 Затворено

  1. 10:00

    Пораки за контрола

    Пациентите на кои им поминал рокот за контролен преглед добиваат порака. Никој не врти четириесет броја.

  2. 08:00

    Рокот истекува за 30 дена

    Лиценца, санитарен преглед или договор: потсетникот стигнува до човечки ресурси и до вработениот, а не по инспекцијата.

  3. 11:20

    Доцнење во ординацијата

    Ултразвукот доцни петнаесет минути. Следниот пациент добива порака пред да тргне, со еден клик.

  4. 14:00

    Анкета по посетата

    Пациентот ја оценува посетата додека му е свежа. Одговорите по доктор ве чекаат во извештајот.

  5. 20:15 Затворено

    Потсетници за утре

    Секој утрешен пациент добива SMS со часот, докторот и вашиот телефон.

  6. 21:14 Затворено

    Пациентот закажува од дома

    Онлајн закажувањето работи и кога сте затворени. Терминот е во календарот пред да ја отклучите вратата.

Оваа работа денес ја прави некој што треба да биде со пациентот на шалтерот.

Пораките одат само до вашите пациенти, во ваше име.

И сè друго што поликлиниката го води во тетратки и табели.

  • Картон и Мој Термин

    Упатот од Мој Термин се презема во картонот со еден клик, а историјата на пациентот е на едно копче.

  • Согласности и обрасци

    Од шаблон, со податоците на пациентот, на меморандумот на локацијата.

  • Смени на докторите

    Работно време по локација и празници, а секој го гледа својот дел.

  • Досиеја на вработените

    Договори, лиценци и лекарски прегледи, со рок и историја на верзии.

  • Залиха по локација

    Потрошниот материјал се симнува од залиха преку услугата, со минимум.

  • Веб-страница со онлајн закажување

    Пациентот сам избира доктор, услуга и термин, во вашите бои.

  • Анкети по доктор

    Оценка и коментар од пациентот, по доктор и по услуга.

  • Кој што отворил

    Секој пристап до картонот и секоја измена остануваат запишани.

Преминување

Од која било програма, за еден ден.

Податоците ги пренесуваме ние, од програмата што ја користите сега, која било да е, или од табели. Вечерта затворате во старата програма, а утрото работите во BookWisely, со сите пациенти и целата историја.

Сите чекори на преминувањето

  1. 1 · Вечерта

    Последниот пациент во старата програма

    Ги земаме податоците: од базата, од извоз или од Excel табели.

  2. 2 · Ноќта

    Пренос и проверка

    Пациентите, картоните, историјата и идните термини се пренесуваат и се споредуваат со старата програма.

  3. 3 · Утрото

    Првиот пациент во BookWisely

    Сме кај вас во ординацијата, а вие работите на вашите податоци.

Без пауза во работата и без препишување.

Прашања

Она што сопствениците на поликлиники го прашуваат пред да одлучат.

Може ли фактурата да оди на фирма наместо на пациентот?

Може. На каса избирате кој плаќа, фирмата ја барате по име или ЕДБ, а името на пациентот на фактурата го ставате само кога сакате. Долгот останува кај фирмата додека не стигне уплатата.

Може ли секој доктор да има свои извештаи?

Може. Шаблоните се прават по специјалност и по доктор, а извештајот се печати на меморандумот на локацијата или на вашата хартија со заглавие.

Поврзано ли е со Мој Термин и ФЗО?

Да. Прегледот, извештајот и упатот се праќаат во Мој Термин од картонот, без двојно внесување, а при посетата се проверува здравственото осигурување на пациентот. Пресметката и фактурата за Фондот (XML) се прават од реализираните услуги, а приватните пациенти се наплатуваат одделно, во истата програма.

Колку чини?

Цената се одредува според бројот на доктори и локации. Понудата ја добивате писмено по разговорот.

Работи ли за повеќе локации?

Да. Пациентите, ценовникот и фирмите се заеднички, секоја локација има свои соби, смени и меморандум, а управата ги гледа сите локации заедно.

Како функционира фискализацијата?

Фискалната сметка се печати од програмата, од истата посета, на фискален печатач (Accent). На демо разговорот проверуваме што веќе користите.

Имаме податоци во старата програма. Што со нив?

Ги пренесуваме ние: пациентите, историјата и ценовникот. Преминувањето трае еден ден, од која било програма, без пауза во работата.

Каде се чуваат податоците на пациентите?

На сервери во Европската Унија, со секојдневна резервна копија. Секој го гледа само својот дел, а секој пристап до картонот останува запишан.

Вашата поликлиника, вашите податоци

Видете ја вашата поликлиника во програмата, пред да одлучите.

Ги пренесуваме податоците на една локација и ви ги покажуваме календарот, чекалницата и извештаите на вашите пациенти и доктори, пред да одлучите што било за целата поликлиника.

  1. 1

    Демо, 15 минути

    Разговор во живо со некој што работи со поликлиники. Терминот го избирате сами, веднаш подолу.

  2. 2

    Вашите податоци, една локација

    Ги пренесуваме пациентите, ценовникот и докторите, со договор за обработка на податоци.

  3. 3

    Одлуката е ваша

    Ако не ви одговара, на ваше барање бришеме сè што сме пренеле.

Закажете демо

Петнаесет минути во живо. Без подготовка.

Демо

Изберете термин. Ќе ви покажеме поликлиника слична на вашата.

Петнаесет минути во живо. Без подготовка.

  • Пример со вашиот број доктори, соби и локации
  • Искрен одговор и за она што сè уште не го правиме
  • По разговорот одлучувате сами
  • Сервери во Европската Унија
  • Секојдневна резервна копија
  • Запис за секој пристап до картонот
  • Договор за обработка на податоци

Или пишете ни: info@bookwisely.com
Одговараме во рок од еден работен ден.

Ги вчитуваме слободните термини…

Отворете го закажувањето во нов прозорец

Приказите на страницава се со демо податоци и измислени имиња.

Специјалности

Еден систем. Приспособен на вашата специјалност.

Календарот, пациентите, наплатата и извештаите се исти за сите. Картоните, наодите, документите и пораките се приспособуваат според специјалноста, па стоматологот работи во забната шема, а гинекологот во својот наод.

Истиот систем, приспособен и за

  • Офталмологија

    Наоди со видна острина и притисок за двете очи, историјата на пациентот на едно место.

  • Физикална терапија и рехабилитација

    Серии третмани, распоред на терапевти и сали, напредокот на пациентот низ посетите.

  • Психологија и психотерапија

    Серии сеанси, доверливи белешки и онлајн закажување.

  • Лаборатории

    Упати, резултати и трендови на анализите покрај картонот на пациентот.