За центри за дијализа и нефрологија
Кој пациент на дијализа денес чека ваша одлука?
BookWisely ги чита третманите, лабораторијата и протоколите и секое утро подготвува листа: анемија, железо, минерално-коскено нарушување, калиум, адекватност, волумен и васкуларен пристап.
Петнаесет минути во живо. Без подготовка.
- Мој Термин и фактура за ФЗО од третманите
- Историјата ја пренесуваме за еден ден
- Без двојно внесување
- За еден центар или цела мрежа
- 28
- центри од една мрежа за дијализа работат во BookWisely
- 6.500+
- дијализи месечно минуваат низ системот
- 4
- земји: Северна Македонија, Србија, Хрватска и БиХ
За раководителот на центарот и управата на мрежата
Пет прашања на кои одговорот денес стигнува на крајот на месецот.
Тука стигнува секое утро, од податоците што сестрите и докторите веќе ги внесуваат. Без табели, без препишување и без чекање на извештај.
-
1
Колку пациенти се во целта за хемоглобин?
По центар и по доктор, за тековниот месец, со тренд во однос на претходните.
-
2
Кој има привремен катетер подолго од 14 дена?
Листа со име, центар и денови, пред тоа да стане компликација.
-
3
Кому му се сменила лабораторијата, а протоколот не?
Предлогот за месечните параметри го чека докторот на одделението и одговорниот доктор.
-
4
Колку ЕПО, железо и материјал ќе треба следниот месец?
Прогноза по центар од планот и распоредот на пациентите: дијализи, шприцеви ЕПО по јачина, железо, лекови и материјал, со она што недостига на залиха.
-
5
Колку ампули ЕПО троши секој центар по дијализа?
Ампули ЕПО 2000 по хемодијализа, по центар и месец, броени само од дозите запишани во третманите.
Мрежа · Октомври 2026 +6 во однос на септември
Пациенти на дијализа
412
Хемоглобин во целта, по центар
-
Центар Скопје68 %
-
Центар Битола61 %
-
Центар Охрид47 %
-
6.512
дијализи во октомври
-
9
привремени катетери подолго од 14 дена
-
91 %
пациенти со eKt/V 1,2 или повеќе
Индикатори на квалитет
Извештај за квалитет што не се прави. Само се отвора.
Хемоглобин, адекватност на дијализата, фосфор, PTH, албумин, железо и удел на АВ фистули, по месец и по центар. Истите индикатори важат во секоја земја, а извештајот за управата, ФЗО или Министерството за здравство го добивате како Excel или PDF.
Никој во центарот повеќе не брои пациенти во табела на крајот на месецот.
Индикатори на квалитетСите три центри · 412 пациенти
ExcelPDF
Хемоглобин во целта, октомври
- Скопје 68 %
- Битола 61 %
- Охрид 47 %
Мој Термин и ФЗО
Месецот за Фондот се затвора од третманите.
Сестрите ги внесуваат третманите, како и секој ден. Од нив програмата го подготвува пакетот за дијализа во Мој Термин и месечната фактура за ФЗО. Никој не брои дијализи на крајот на месецот.
-
1
Пакетот за дијализа е пополнет
Хемодијализата или хемодијафилтрацијата во извештајот за Мој Термин се пополнува од реализираните третмани во месецот.
-
2
Упат за следниот месец со едно копче
Упатот за следниот месец се пополнува од тековниот. Докторот само избира термин и го праќа.
-
3
Фактурата за ФЗО е подготвена
Месечната пресметка и XML фактурата за Фондот се прават од реализираните третмани, со учеството и ослободувањата на пациентите.
-
4
Приватните пациенти одделно
Пациент без осигурување плаќа по третман, а месечната сметка ги собира платените третмани, во истата програма.
Месецот се затвора со истите третмани што сестрите веќе ги внеле.
Горан ВелковскиХемодијализа · Центар Скопје · октомври 2026
Мој Термин-
31.10
Пакетот е пополнет од третманите13 хемодијализи во октомври
-
31.10
Осигурувањето е провереноПациентот е осигуран
-
31.10
Извештајот е испратен во Мој ТерминМесечен извештај за хемодијализа
-
31.10
Упатот за ноември е испратенИст центар, ист доктор, термин избран
ФЗО · октомври 20261.248 реализирани дијализиXML фактурата е подготвена
Преземи XMLМој Термин не одговара? Извештајот е зачуван и се праќа сам кога системот ќе одговори.
Што добивате
Еден третман на машината. Шест работи завршени.
Сестрата го внесува третманот еднаш. Сè друго оди од тој внес: од трендот на притисоците до предлогот што докторот го гледа на визитата.
-
Внес
-
01 Проток на крв и притисоци
Во тренд низ сесиите. Сигналот стигнува кога притисокот расте.
-
02 Тежина и ултрафилтрација
Добивката меѓу сесиите и брзината на ултрафилтрација, за последните шест сесии.
-
03 Васкуларен пристап
Контролата на пристапот ги повлекува одговорите од третманот на тој ден.
-
04 Материјал од залиха
Потрошениот материјал е симнат од залихата, по третман.
-
05 Индикатори на квалитет
Се сметаат од внесените третмани, без посебна табела.
-
06 Предлог за визитата
Докторот прво ги гледа пациентите што бараат одлука.
Никој ништо не препишува.Докторот го гледа само она што бара одлука.
Закажете демоАнемија и железо
Предлог за секој пациент, од неговите бројки.
Хемоглобин, ЕПО, феритин, сатурација на трансферин и CRP во еден ред, со тренд за три месеци. До секој пациент стои предлог: да се зголеми, да се намали или да се паузира, и зошто.
- Приоритет: одлука сега, да се процени на визита, стабилно
- Железото се запира при акутна инфекција
- Секоја одлука останува запишана, со датум и име
На визитата прво ги гледате пациентите што бараат одлука.
Волумен
Кому му е време за нова сува тежина, со насока и опсег.
Добивка меѓу сесиите, брзина на ултрафилтрација, пад на притисокот и тежина по дијализа за последните шест сесии. Програмата покажува во која насока и за колку да се процени, а сувата тежина ја запишува докторот.
- Хипотензија и грчеви од самите третмани
- Сува тежина што долго не е менувана
- Опсег од правилата на вашиот центар, а не една бројка
Одлуката ја носите со шест сесии пред себе, не со една.
Волумен и сува тежинаЦентар Скопје · последни 6 сесии
-
Милан Петровски67 години · АВФ
↑ Да се процени +0,3 до +0,5 kg- Добивка
- 2,1 kg · 3,0 %
- UF стапка
- 11 ml/kg/h
- Хипотензија
- 3 од 6
Пад на притисокот и грчеви кон крајот на третманот
-
Снежана Илиевска58 години · катетер
↓ Да се процени −0,3 до −0,5 kg- Добивка
- 3,9 kg · 5,8 %
- UF стапка
- 14 ml/kg/h
- Хипотензија
- 0 од 6
По дијализа 1,1 kg над сувата, притисок 162/95
-
Јелена Костовска49 години · графт
• Сувата не е менувана 11 месеци- Добивка
- 2,8 kg · 4,3 %
- UF стапка
- 12 ml/kg/h
- Хипотензија
- 1 од 6
Тежината по дијализа падна 1,6 kg за три месеци
-
Драган Марковски72 години · АВФ
= Стабилно- Добивка
- 1,4 kg · 2,0 %
- UF стапка
- 7 ml/kg/h
- Хипотензија
- 0 од 6
Шест сесии во целта
Предлог. Сувата тежина ја запишува и ја менува само докторот.
Васкуларен пристап
Пристап што се следи, а не само се запишува.
Фистула, графт или катетер, со проток, притисоци, инфекции и интервенции низ времето. Контролата на пристапот се пополнува по шема за проценка, а одговорите се повлекуваат од третманот на тој ден. Сигналот стигнува кога притисокот расте, а не кога пристапот ќе откаже.
- Контрола по шемата за фистула и за катетер
- Венски и артериски притисок од третманот
- Месечен преглед со три потписи
Фистулата се спасува неколку недели порано.
Ненад СтојановскиФункционална
64 години · Центар Скопје
Радиоцефалична АВ фистула · лева подлактица · од 14.03.2023
- Qb
- 320 ml/min
- Венски притисок
- 165 mmHg
- Без инфекција
- 412 дена
- Qa, доплер
- 780 ml/min
Последни 12 сесии QbВенски притисок
Венскиот притисок расте шест сесии по ред. Да се процени стеноза, предложен е доплер.
- 03/2023Креирана АВФ
- 05/2023Прва канулација
- 02/2025Балон дилатација
- 09/2026Доплер 780 ml/min
Лабораторија
Секој резултат во тренд, со цел и терапија.
Една година резултати на еден графикон, со целниот опсег и дозата на ЕПО под него. Месечните, тримесечните и шестмесечните анализи се препознаваат сами.
- Целен опсег на секој графикон
- Доза на ЕПО и железо покрај хемоглобинот
- Упати за лабораторија според распоредот на пациентот
Докторот ја гледа приказната на пациентот, а не само последната бројка.
Хемоглобин · 12 месециГордана Николовска
Цел 100–120 g/LЕПО, IU неделно
- Феритин400 ng/ml
- TSAT16 %
- Фосфор1,62 mmol/L
- PTH312 pg/ml
Месечни параметри
Од лабораторијата до новиот протокол, со два потписа.
Системот подготвува предлог, докторот на одделението го поправа и го испраќа, а одговорниот доктор го одобрува или го враќа. По одобрувањето, ЕПО и железото сами се распоредуваат по сесии во планот за дијализа.
- Предлог од лабораторијата и протоколот
- Доктор на одделение и одговорен доктор
- Распоред на ЕПО и железо без рачно внесување
Месечната терапија за цел центар, за едно попладне.
Месечни параметри · Октомври 2026Центар Скопје · 28 пациенти
- Лабораторија
- Предлог од системот
- Доктор на одделение
- Одговорен доктор
- Нов протокол
-
Чека одобрување
Гордана НиколовскаHb 101 · TSAT 16 %
ЕПО 6.000 → 8.000 IUЖелезо 2 амп.
-
Чека одобрување
Горан КовачевскиHb 134 · TSAT 27 %
ЕПО 8.000 → паузаБез железо
-
Вратено со коментар
Ивана РистовскаHb 98 · феритин 260
ЕПО 0 → 4.000 IUЖелезо 2 амп.
-
Одобрено 12.10.
Предраг АнтовскиHb 92 · феритин 90
Без ЕПОЖелезо 4 амп.
По одобрувањето: нов протокол со еден клик, ЕПО и железо распоредени по сесии.
Извештаи
Месечен извештај на меморандум на центарот.
Шаблони за месечен извештај, отпусна листа или наод од нефролог: табели за третмани, лабораторија и терапија, дијагноза по МКБ-10 и потпис на докторот. Секој центар има свое заглавје, а секоја измена ја чува претходната верзија.
- Табели со мерења и единици
- Заглавје и потпис по центар
- PDF, печатење, е-пошта или SMS со PIN, од картонот
Извештајот за пациентот, ФЗО или друг центар изгледа исто, од секој центар.
Петнаесет минути во живо. Без подготовка.
Додека смената работи
Центар во кој никој не препишува и ништо не се превидува.
Работата што денес ја прави некој со тетратка и табела тука се случува сама, од податоците што тимот веќе ги внесува.
Смени 08–20 Надвор од смена
-
06:00 Надвор од смена
Листа за подготовка на смената
Дијализатори, игли и линии за сите третмани во денот, по смена и по машина.
-
07:00 Надвор од смена
Предупредувања за терапијата
Пауза на ЕПО, прекин на железо и пропуштени сесии го чекаат докторот пред визитата.
-
11:00
Упати за лабораторија
Кој треба месечни, тримесечни или шестмесечни анализи, според распоредот на пациентот.
-
16:30
Хепарин за следната сесија
Степенот на згрутчување на филтерот и корекцијата на дозата се пренесуваат на следниот третман.
-
21:00 Надвор од смена
План за дијализа за утре
ЕПО и железо распоредени по сесии според протоколот, без рачно внесување.
Оваа работа денес ја прави некој што треба да биде покрај пациентот на машината.
И сè друго што го води центарот за дијализа.
-
Историја на болест
Анамнеза, месечен декурзус и decursus morbi, за печатење на меморандум на центарот.
-
Коморбидитети и индекси
Charlson, Davies и Khan, од дијагнозите на пациентот.
-
ERA шифри
Примарна бубрежна болест по ERA шифри, покрај МКБ-10.
-
Лабораториски упати
Пакети анализи според распоредот, извоз по смена и режим.
-
Повеќе центри
Пациент на дијализа во друг центар, со историја каде и кога бил.
-
Материјал по третман
Дијализаторите, иглите и линиите се симнуваат од залиха од третманот.
-
Смени и машини
Распоред на пациентите по смени и машини, за цел центар.
-
Сестра и доктор во ист третман
Секој ги зачувува своите вредности, ничиј внес не се брише, а секоја измена останува запишана.
Преминување
Историјата на центарот, пренесена за еден ден.
Ја пренесуваме ние, од програмата што ја користите сега, која било да е: пациенти, третмани, лабораторија и пристапи. Вечерта затворате во старата програма, а утрото центарот работи во BookWisely.
-
1 · Вечерта
Последната смена во старата програма
Ги земаме податоците: од базата, од извоз или од Excel табели.
-
2 · Ноќта
Пренос и проверка
Пациентите, третманите, лабораторијата и пристапите се пренесуваат и се споредуваат со старата програма.
-
3 · Утрото
Првата смена во BookWisely
Сме кај вас во центарот, а тимот работи на вашите податоци.
Без пауза во работата и без препишување.
Прашања
Она што раководителите на центри го прашуваат пред да одлучат.
Кој одлучува за терапијата и сувата тежина?
Докторот. Програмата подготвува предлог и покажува од кои бројки доаѓа, а секоја одлука останува запишана со датум и име.
Од каде доаѓаат податоците?
Од третманите, лабораторијата и протоколите што тимот веќе ги води. Нема посебно внесување за таблата, индикаторите или извештаите.
Можеме ли да ги поставиме праговите за предлозите?
Праговите за предлозите ги поставува одговорниот доктор на центарот. Целите на индикаторите на квалитет се исти како во извештајот и не се менуваат рачно.
Работи ли за мрежа со повеќе центри?
Да. Секој центар ги гледа своите пациенти, а управата ги гледа сите центри еден до друг, со истите индикатори.
Како влегуваат лабораториските резултати?
Електронски од лабораторијата, каде што лабораторијата го овозможува тоа, или со внесување. На демо разговорот проверуваме со која лабораторија работите.
Како оди работата со ФЗО и Мој Термин?
Месечната пресметка за ФЗО се прави од реализираните третмани, а пакетот за дијализа за Мој Термин се праќа од програмата. Приватните пациенти се наплатуваат одделно, во истата програма.
Имаме историја во старата програма. Што со неа?
Ја пренесуваме ние: пациенти, третмани, лабораторија и пристапи. Преминувањето трае еден ден, од која било програма, без пауза во работата.
Каде се чуваат податоците на пациентите?
На сервери во Европската Унија, со секојдневна резервна копија. Секој го гледа само својот дел, а секој пристап до картонот останува запишан.
Вашиот центар, вашите податоци
Почнете со еден центар.
Ја пренесуваме историјата на еден центар и ги покажуваме таблата, индикаторите и предлозите на вашите пациенти, пред да одлучите што било за целата мрежа.
-
1
Демо, 15 минути
Разговор во живо со некој што работи со центри за дијализа. Терминот го избирате сами, веднаш подолу.
-
2
Вашите податоци, еден центар
Ги пренесуваме пациентите, третманите и лабораторијата, со договор за обработка на податоци. За поставувањето и обуката доаѓаме кај вас.
-
3
Одлуката е ваша
Ако не ви одговара, на ваше барање бришеме сè што сме пренеле.
Петнаесет минути во живо. Без подготовка.
Демо
Изберете термин. Ќе ви ја покажеме клиничката табла на центар сличен на вашиот.
Петнаесет минути во живо. Без подготовка.
- Пример центар со вашиот број пациенти и смени
- На секое прашање добивате директен одговор
- По разговорот одлучувате сами
- Сервери во Европската Унија
- Секојдневна резервна копија
- Запис за секој пристап до картонот
- Договор за обработка на податоци
Или пишете ни: info@bookwisely.com
Одговараме во рок од еден работен ден.
Ги вчитуваме слободните термини…
Отворете го закажувањето во нов прозорецПриказите на страницава се со демо податоци и измислени имиња.
Специјалности
Еден систем. Приспособен на вашата специјалност.
Календарот, пациентите, наплатата и извештаите се исти за сите. Картоните, наодите, документите и пораките се приспособуваат според специјалноста, па стоматологот работи во забната шема, а гинекологот во својот наод.
-
Избран лекар
Избран лекар: матичен, гинеколог, стоматолог
Рецептот, упатот и боледувањето се пополнуваат од прегледот, хроничната терапија се издава со еден клик, а Мој Термин се праќа сам.
За избрани лекари
-
Стоматологија
Стоматолошки ординации и клиники
Забен картон и план на терапија што станува понуда, фактура и потрошен материјал. И извештај за извршеното лекување на вашиот меморандум.
За стоматолози
-
Поликлиники
Поликлиники и специјалистички центри
Календар по доктор, соба и апарат, чекалница со повикување, извештаи од специјалисти и фактури за пациентот или за фирма.
За поликлиники
-
Естетика
Естетска медицина и дерматологија
Покана за следниот третман, согласност потпишана пред доаѓањето и картон со серијата на препаратот.
За естетски клиники
-
Гинекологија
Гинеколошки ординации
Мајчинската книшка во Мој Термин со гестациската недела, ПАП тест и колпоскопија со покани, извештај од ултразвук на ваш меморандум.
За гинеколози
-
Кардиологија
Кардиолошки ординации
Венски доплер на шема на двете нозе, ехо со пресметки, артерии и каротиди. Наодот се пишува од кликовите, со трендови низ прегледите.
За кардиолози
Истиот систем, приспособен и за
-
Офталмологија
Наоди со видна острина и притисок за двете очи, историјата на пациентот на едно место.
-
Физикална терапија и рехабилитација
Серии третмани, распоред на терапевти и сали, напредокот на пациентот низ посетите.
-
Психологија и психотерапија
Серии сеанси, доверливи белешки и онлајн закажување.
-
Лаборатории
Упати, резултати и трендови на анализите покрај картонот на пациентот.